Македонија

Николоски: ДУИ на власт ги интересираше само полнење на нивниот џеб, а сега гледаме глумат спасители на Албанците

На гостувањето во „Само интервју’’ на Канал 5 телевизија, министерот за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, говореше за протестите на ДУИ и нивните драми околу Уставниот суд, каде што после пет години им текна на судиите да го стават Законот за јазици на дневен, токму кога СДС и ДУИ се во опозиција.

-Ова е една провидна политичка игра, ние кои што сме поискусни во политиката, јасно ја читаме играта. Овдека кадија те тужи, кадија те суди, сакаше ДУИ да прави, од една страна да создаваат проблем, од друга страна да го решаваат проблемот и на тој начин да пробуваат да изигруваат спасители на Албанците од една страна, а од друга страна некакви си гарантори на стабилност во државата’, истакна Николоски.

Николоски појасни дека на ДУИ им одговара прашањето со Уставниот суд да трае четири години и така би биле најсреќни, бидејќи зелената агенда им пропадна и дека не се баш по работењето, туку по полнење на сопствениот џеб.

-Зелената агенда им пропадна, нели истрчаа еднаш низ планина во зелени маици со Мерко напред. По проекти нешто не се многу, еве ги гледам јас во мојот ресор како работеле проекти, односно не работеле единствено ги интересирало да си наплатат. И единствената точка која што им останува за која што можат да зборуваат се етнички тензии, кои што според нивната филозофија тие би ги создавале и тие би ги решавале’, посочи тој.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ напомена дека ДУИ освен крадење, за друго и не се интересирале.

-Тоа што поткраднуваа, паралелно со тоа што нели беа, фактор на стабилност, треба да им се прости за да Македонија е стабилна и така се продаваа и во домашната и меѓународната јавност. Но тој филм со изборите 2024 и со оставањето нивно во опозиција, што беше наше клучно ветување мислам дека заврши, дециден е Николоски.

Најнови вести од Македонија

To top