Македонија

Николоски: До јануари 2025 година ќе ја завршиме целокупната експропријација за изгардба на автопатите на коридор 8 и 10

До јануари следната година ќе заврши целокупната експропријација за изградба на автопатите на коридор 8 и 10, изјави денеска одговарајќи на новинарско прашање ресорниот министер Александар Николоски.

-Во однос на експропријацијата имаме голем прогрес и можам да Ви кажам дека за изградбата на коридорите 8 и 10, до јануари следната година ќе заврши целокупната експропријација. Само за споредба, откако беше потпишан договорот па се до мојот избор на министер, а тоа е период од 2 години, експропријацијата беше со прогрес од 25 %. За овие вкупно шест месеци ќе се завршат овие 75 % што многу зборува за посветеноста или ако сакате за најтешката делница Гостивар – Букојчани или популарно наречената Стража, до август месец беа завршени околу 400 постапки од вкупно 1290 кои што треба да се завршат. Од тие 400 до тие 1290 ќе ги завршиме за следниве 5-6 месеци така што крај на јануари целокупната експропријација на коридор 8 и 10 д со исклучок на делот кој зафаќа во делот на заштитената зона во Охридското езеро ќе бидат завршена, изјави министерот Николоски.

To top