Македонија

Николоски: Црната листа на САД го потврди обидот за брутален криминал во случајот со Дака Давидовиќ кој го обелоденив во 2020 година

Николоски посочи уште една работа, а тоа е дека освен за ДУП Тетово станувало збор и изградба на соларни паркови на ветер во Штип и околината.

Николоски: Црната листа на САД го потврди обидот за брутален криминал во случајот со Дака Давидовиќ кој го обелоденив во 2020 година

Драго ми е, прво, тоа што го извадив во 2020 година сега се потврди со ова ставање на Дака Давидовиќ на црната листа на САД и второ, можеби прв пат сега ќе разбијам многу теории на заговор кои се појавија во јавноста, а тоа е имаше многу прашалници зошто баш тие зборови се употребени во описот на дејствијата на Дака Давидовиќ. Тоа се зборовите кои јас ги користев во 2020 година. Јас во моите известувања точно напишав дека излегоа податоци во јавноста тогаш преку аудио снимки дека е дадено мито од над 300 илјади евра на тогашниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски со цел да организира средба со Зоран Заев на која треба да се договори ДУП на Тетово, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во емисијата „30 секунди“ на порталот Експрес.мк.

Николоски посочи уште една работа, а тоа е дека освен за ДУП Тетово станувало збор и изградба на соларни паркови на ветер во Штип и околината.

„И тоа што го презентирав тогаш е дека се работи за една контроверзна личност, личност вплеткана во бројни афери, личност која има пари од црн бизнис и конкретно за Тетово презентирав документи во јавноста од Панама во кои се гледа дека тој регистрирал фирма во Панама, внесувал пари без познато потекло и со истите купувал во Тетово“, објасни Николоски.

Потпретседателот Николоски додаде „дополнително ми е мило се што зборував што се потврди во јавност“. Николоски укажа дека а во тоа време власта водеше кампања против ВМРО-ДПМНЕ дека партијата е со проруски, антизападни елементи.

„А тие, власта, Владата, како прозападни елементи на главниот лик на руската пропаганда на Балканот му доделија спорен бизнис. Ова беше доделено додека Теута Арифи беше градоначалник на Тетово. Таа по губење на изборите во Тетово заврши и нејзината политичка кариера. По извесно време се гледаше и се збореше за неа дека ќе биде амбасадор, но како амбасадор не замина никаде“, кажа Николоски.

Николоски укажа „овој обид за брутален криминал кој го отворив во јавноста се потврди и со црната листа на САД, а тогаш имаше и закани на моја адреса“.

Потпретседателот Николоски информираше дека сегашното мнозинство во Советот на општина Тетово кое е од ВМРО-ДПМНЕ и Беса три пати го суспендира овој ДУП.

„Така спорната личност не може да гради во Тетово и значи дека тоа што сме го ветиле го реализираме“, рече Николоски.

Николоски додаде дека во периодот на Владата на СДСМ и ДУИ нема област која не е зафатена со корупција и криминал.

„Девастирана е државата, за корупцијата се зборува како за нормална работа, а не како за нешто што треба да се казни. Ќе имаме многу работи за поправање“, заклучи Николоски.

To top