Македонија отворено студио

Николоски: Човек како Пендаровски кој што потпишува Кривичен законик за амнестија не е ниту скромен, ниту некорумпиран

Николоски додаде дека со потпишувањето на измените на Кривичниот законик практично се удри во темелите на правната држава и на владеењето на правото во Македонија.

Николоски: Човек како Пендаровски кој што потпишува Кривичен законик за амнестија не е ниту скромен, ниту некорумпиран

„Главната причина зошто Македонија не преговара за членство со ЕУ и главната причина за уназадувањето на Македонија е невладеењето на право“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ4 во Отвореното студио пред започнување на големиот народен митинг пред Влада на Република Македонија.

„Еден од темелниците кој што беше срушен во изминатиов период е Кривичниот законик кој што да потсетам беше набрзина донесен минатото лето во Собранието со европско знаменце и беше експресно истиот ден потпишан од Стево Пендаровски, кој што за жал ја извршува функцијата претседател на државата“, укажа Николоски.

Николоски додаде дека со потпишувањето на измените на Кривичниот законик практично се удри во темелите на правната држава и на владеењето на правото во Македонија.

„Тоа е по мене едно од најголемите злосторства кои што Пендаровски направи. Нешто што дефинитивно мора да менуваме. Мора да воведеме функционален систем на владеење на правото и реална правна држава“, нагласи тој.

Тој посочи дека граѓаните се прашуваат зошто Пендаровски го направи тоа. Пендаровски посакува во јавноста да се прикаже како скромен и некорумпиран, но човек кој што потпишува Кривичен законик за амнестија на криминалци не може да е ниту скромен, ниту некорумпиран. Веројатно е многу алчен, веројатно е многу корумпиран и затоа го направи тоа.

To top