Македонија

Николоски: Бугарија сака да се меша во внатрешните работи, од мене оставка може да побара премиерот и народот кој ме гласал

Николоски: Бугарија сака да се меша во внатрешните работи, од мене оставка може да побара премиерот и народот кој ме гласал

Оставка во Македонија од мене може да побара премиерот или може да побараат тие што ме избрале, а тоа е народот. Недозволиво е да странска држава бара оставка да си поднесе подпретседател на влада и министер. Тоа никаде го нема, тоа е директно мешање во внатрешните односи на една држава, тоа е директен упад во внатрешни односи на една држава, рече потпретседателот на влада и на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето на Дневникот на телевизија Сител во однос на барањето на неговата оставка од страна на бугарски политичари, додавајќи дека ова што го направи Бојко Борисов во случајов само покажува што всушност тие сакаат, а тоа е да ги водат политичките процеси во Македонија и да диктираат.

Посочи дека од оваа перспектива не е ни зачудување една информација која што излезе пред неколку години кога се случи фамозниот Француски предлог, да сакаат обвинителите во Македонија да ги бираат.

„Така што јасна ни е интенцијата, прво сакаат да се мешаат во внатрешните работи и второ, кој е кредибилитетот на човекот што тоа го бара од мене. Јас го кажав тоа, човек кој што беше сликан со пачки злато и стотици илјади евра до него да зборува за моја оставка, изинете не е достоен за таа работа“, рече Николоски.

Николоски истакна дека во Бугарија има една екипа од дваесетина личности кои што се обидуваат да ги расипат пријателските односи меѓу Македонија и Бугарија и меѓу блиските македонски и бугарски народ.

Таа екипа од дваесет политичари и историчари успеа да уништи добри односи помеѓу двата народи, македонскиот и бугарскиот народ се блиски народи и имаат добри односи. Дваесет политичари и историчари од Бугари успеваат да ги уништат тие односи и тие односи да се на рекордно ниско ниво заради овој пристап кој што го имаат, истакна Николоски.

To top