Македонија изјава

Николоски: Aвтопатот Гостивар – Букојчани се гради по најсовремени светски практики

За изградбата на автопатот Гостивар-Букојчани ја донесовме најрационалната одлука во моментов, имајќи ја во предвид економската состојба на државата и можностите Ние да го финансираме овој проект, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во интервју за “360 степени”, каде објасни зошто оваа автопатска делница ќе се гради без тунел.

“Разликата со и без тунел беше 250 милиони евра, затоа што се работи за долг тунел од 5,3км. Ако јас се прашувам, кога би имал неограничен број средства, секако дека би отишол со тунел, но имајќи во предвид дека 1км тунел е 50 милиони евра, а таму проценетата вредност беше 250 милиони евра, со отстапка од 25%. Значи теоретски овој тунел можеше да биде и 25% плус, што би значело дека можеше и преку 300 милиони евра да чини целиот проект”, потенцираше вицепремиерот Николоски.

На прашање колкава ќе биде косината на автопатската делница и која ќе биде дозволената брзина на движење на возилата, вицепремиерот Николоски одговори:

“Од 31км на 14км има до 6% нагиб или пад, што е под стандардот за автопат, затоа што стандардот за автопат е до 7%. На автопатот ќе може да се вози од 110 до 130км/ч, затоа што кривините ќе бидат поблаги, рече Николоски потенцирајќи дека на автопатот работат инженери, проектатни и компанија кои што доста сериозно ја работат работата и работат според најновите светски практики”-додаде вицепремиерот.

To top