Македонија целосно ќе се промени економијата и туризмот

Николоски: Автопат кој 50 години се најавува, конечно Владата на ВМРО-ДПМНЕ го почнува

Николоски: Автопат кој 50 години се најавува, конечно Владата на ВМРО-ДПМНЕ го почнува

Почнува огромен проект со кој целосно ќе се промени економијата и туризмот во Македонија, најави министерот за транспорт Александар Николоски.

„-Почнуваме ОГРОМЕН ПРОЕКТ!
Најголем во поновата историја на Македонија – АВТОПАТ Гостивар – Кичево со кој се заобиколува популарната Стража.
Автопат кој 50 години се најавува, конечно Владата на ВМРО-ДПМНЕ го почнува.
Со овој автопат и завршувањето на Охрид – Кичево од Скопје за Охрид и Струга ќе се патува со пријатно возење за час и половина! Целосно ќе се промени економијата и туризмот.
Благодарам на Премиерот Мицкоски за цела поддршка и посветеност!
ЈА ГРАДИМЕ МАКЕДОНИЈА! Да живее Македонија!“, пишува Николоски на Фејсбук.

To top