Македонија Конференција за трговска и инвестициона арбитража

Николоски: Арбитражата гарантира транспарентност и предвидливост на постапките, а со тоа претставува механизам за привлекување на странски инвестиции

Николоски посочи дека Владата дава поддршка за организирање вакви настани со цел унапредување на процесите,  поттикнување и поддржување за користење на арбитражата како средство за сигурност на инвестициите.

Николоски: Арбитражата гарантира транспарентност и предвидливост на постапките, а со тоа претставува механизам за привлекување на странски инвестиции

Министерот за транспорт Александар Николоски денес ја отвори  Конференцијата за трговска и инвестициона арбитража во организација на VIAC (Vienna Center for International Arbitration) , MAIC (Macedonian Association of in-House Counsel) и адвокатското друштво Three Crowns.

-Арбитражата како средство за решавање на спорови обезбедува стабилна економска и правна сигурност во меѓународните договори, гарантира транспарентност и предвидливост на постапките,  а со тоа претставува механизам за привлекување на странски инвестиции нудејќи стабилност и правна заштита на деловните субјекти, истакна тој.

To top