– Титуларно највисоката функција во државата, тоа е претседател на државата, кај нас знаете дека извршната моќ е кај владата и премиерот, но, титуларно претседателот е функција број еден во државата и мора да се бира на избори, затоа што тоа е врв на демократијата, така прават најдемократските држави во светот, изјавил тој одговарајќи на новинарско прашање, се наведува во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Секој обид за суспендирање на демократијата, како што се наведува во писмената изјава на Николоски, е само „обид за ставање на народот надвор од процесот на одлучување“.
Тој додал дека идејата што ја промовираат Али Ахмети и Артан Груби е „идеја со која вечно сакаат да владеат“.
– Јас сум свесен дека Али Ахмети и Артан Груби кои денес ја промовираа оваа идеја би сакале вечно да владеат на начин што ќе имаат сериозно партиско влијание врз изборот на владата и претседателот на државата и тоа е недемократски чин и тоа е обид за заштита на криминалот и корупцијата во Македонија, смета Николоски.
Тој упатува повик до граѓаните масовно да излезат на избори и да гласаат во што поголем број.
– Во исто време, ги повикувам граѓаните масовно да излезат на избори и да гласаат во што поголем број, како би ги спречиле Али Ахмети и Артан Груби да наметнуваат уцени во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ уцени не прифаќа, тој филм нема да го гледаат, а нов претседател на Македонија ќе биде Гордана Силјановска Давкова, додава Николоски.