Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 км од автопатот се ставени во функција.
Тој напиша:
” Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево.
40 километри се веќе во функција.
Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ.
Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба!
За многу години Божиќ и Бадник!
– објави вицепремиерот Николоски.