Македонија реакција

НГИ „Коалиција на Египќани“: Законот за празниците е дискриминаторски, бараме официјализирање на Денот на балканските Египќани

Ако, сите грагани на Македонија се еднакви и рамноправни, тогаш ваквото законско решение треба да трпи соодветни измени и дополнувања, за да можат и оние етнички заедници кои немааат денови посветени на нивните етникуми да им се официјализираат, за да истиот Закон не произведува дискриминатоски состојби, вели Далип.

НГИ „Коалиција на Египќани“: Законот за празниците е дискриминаторски, бараме официјализирање на Денот на балканските Египќани

Законот за празниците на Република Македонија во суштина е дискриминаторски, бидејки со истиот се регулира материја со која на одредени етнички заедници им се официјализираат деновите кои се однесуваат на одредени етникуми, и истите се неработни за припадниците на одредени етничките заедници, додека во истиот Закон за празниците на Р.М. не се опфатени официјализирање на денови кои се однесуваат на етничката заедница како на пример: Египканите, Хрватите, Словенците, Црногорците итн., рееагиаат од НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“.

-Ако, сите грагани на Македонија се еднакви и рамноправни, тогаш ваквото законско решение треба да трпи соодветни измени и дополнувања, за да можат и оние етнички заедници кои немааат денови посветени на нивните етникуми да им се официјализираат, за да истиот Закон не произведува дискриминатоски состојби. Египканите, како посебна , автохтона и автентична етничка заедница, лојална и конструктивна на државата е активна во насока на официјализирање на 24 Јуни-Денот на Балканските Египкани, истакна лидерот на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ Демир Далип.

To top