Македонија за Градоначалник на град Скопје

НГИ „Коалиција на Египќани“ ќе ја поддржи кандидатуратана Орце Ѓорѓиевски

Г-динот Орце Ѓорѓиевски е пријател и поддржувач на мојот народ и вредно е да го поддржиме“, истакна Дипл.правник Демир Далип-лидер на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“

НГИ „Коалиција на Египќани“ ќе ја поддржи кандидатуратана Орце Ѓорѓиевски

НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ ќе го поддржи Орце Ѓорѓиевски како кандидат од редовите на ВМРО ДПМНЕ за Градоначалник на град Скопје.

„Цениме дека г динот Орце Ѓорѓиевски е кандидат кој има големи квалитети како човек со космополиткска ориентација, кој ги почитува различностите и ранливите категории. Во многу наврати покажал дека може да биде Градоначалник на сите граѓани, без разлика на етничка, верска или политичка приопадност.

Со поддржката на кандидатурата на г динот Орце Ѓорѓиевски, како кандидат на ВМРО ДПМНЕ, во суштина ги поддржуваме интегрирачките процеси на Египќаните, како и поквалитетен живот на Египќаните кои се граѓани на град Скопје. Г-динот Орце Ѓорѓиевски е пријател и поддржувач на мојот народ и вредно е да го поддржиме“, истакна Дипл.правник Демир Далип-лидер на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“.

Најнови вести од Македонија

To top