Несовесен чин пред Универзитетската клиника за Токсикологија во Скопје.
Две лица ги паркирале своите возила со што во целост го затвориле влезот пред клиниката.
Поради потегот на две несовесни лица, се загрозува безбедноста токму онаму каде пациенти треба да добијат здравствена помош.
Поради себичноста и неодговорноста на овие две лица кои очигледно да можеле и внатре во клиника би влегле со автомобили, на пациентите им е блокиран влезот. Тука не би можел никако да помине тежок пациент во количка или подвижен кревет.
Неофицијално, едно од возилата е во сопственост на вработена на клиниката која е на раководна позиција.