Македонија

Нерегуларности на неколку избирачки места во Куманово: Гласањето не започнало на време ,не работат УБИГ апаратите, нема печати и се примиле материјали без присуство на сите членови

Нерегуларности на неколку избирачки места во Куманово: Гласањето не започнало на време ,не работат УБИГ апаратите, нема печати и се примиле материјали без присуство на сите членови

Курир утрово дојде до информации за проблеми на неколку избирачки места низ Куманово откако во 7 часот започна гласањето од првиот круг на претседателските избори 2024 година.

Станува збор за избирачко место 1100 каде не е почнато гласањето поради неработење на УБИГ апаратот.

Исто така на избирачкото место 1090 не е почнато гласањето поради немање на печат.

На гласачкото место 1075 не е почнато навреме гласањето поради тоа што службени лица доставиле нов УБИГ апарат кој исто така не работел, па направен е и записник. Известен е и ОИК кој дал усна наредба да започне гласањето, а потоа ОИК наредил да се прекине гласањето, по што во овој момент се чека насоки од ДИК.

На избирачко место 1135 нема печат, а добиени се усни насоки од ОИК да продолжат со гласање и по затворање на изборниот ден да се стави печат. На ова избирачко место спорно е и примопредавањето на материјалите и печатот затоа што еден член од една политичка партија не се потпишал, а потпишани се тројца Албанци на приемот на материјалите.

To top