Македонија злоупотреби во созр

Уапсен екс директорот на СОЗР, Пеце Мирчески

Курир дознава дека се вршат претреси во неговиот дом во Скопје во врска со случаи поврзани со злоупотреби во СОЗР во делот на јавни набавки и други злоупотреби.  

Уапсен екс директорот на СОЗР, Пеце Мирчески

Неофицијално дознаваме дека Финансиската полиција го уапсила Пеце Мирчески, поранешен директор на СОЗР (Служба за заеднички и општи работи на Владата) во време на владењето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Курир дознава дека се вршат претреси во неговиот дом во Скопје во врска со случаи поврзани со злоупотреби во СОЗР во делот на јавни набавки и други злоупотреби.

На оваа челна позиција во СОЗР беше од самиот почеток на владеењето на Заев, од јуни 2017-та година, кога доаѓа на местото на неговиот претходник Васе Доневски.

Претресот е во координирана акција на Управата за финансиска полиција и Обвинителството.

Од ОЈО кусо соопштија дека заедно со Финансиската полиција преземаат дејствија за обезбедување докази во предмет за неколку кривични дела – примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење.

„Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба од судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија“, соопштија од ОЈО.

Извори од истражните органи вклучени во постапката велат дека истрагата опфаќа сомневања за финансиски злоупотреби во времето кога Мирчески беше прв човек на СОЗР, а неговото раководење со институцијата било предмет на проверка од Финансиската полиција во изминатите пет месеци. Пеце Мирчески беше директор на Службата за општи и заеднички работи во периодот од цели 7 години – од јуни 2017 до јуни 2024 година. Тој имаше и партиска функција како претседавач на Централниот одбор на СДСМ.

Курир побара, но се уште нема официјална потврда од МВР и Финансиска полиција за апсењето на Мирчески.

Најнови вести од Македонија

To top