КУРИР неофицијално дознава дека Гордана Силјановска Давкова има големо водство пред Стево Пендаровски, на 10% обработени гласови.
Според нашите информации, од досега обработените гласачки места Силјановска Давкова има добиено 44,56% од гласовите на граѓаните, а Пендаровски 18,36%.
Зад нив е Бујар Османи со освоени 14,8% од обработените гласачки ливчиња.
Арбен Таравари освоил 9,44% од изброените гласови, а Димитриевски 6.95%.
Од овие изброени гласови, за Ванковска се изјасниле 3,82%, а за Јакимовски 0,69.
Неважечки се 2,09%.