Неофицијално, повеќе од 10 лица се уапсени во големата полициска акција што попладнево се спроведува на повеќе локации низ државата, а која е насочена кон прибирање докази за сериозно даночно затајување.
Според неофицијалните информации, меѓу приведените има вработени во Управата за јавни приходи, поранешни пратенички од СДСМ, сопственик на бензински пумпи, како и сопруга на познат доктор.
Сите овие информации засега остануваат непотврдени.
Се очекува официјално соопштение од надлежните институции во текот на денот.