Во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ вечерва се одржа масовен митинг во општина Ѓорче Петров.

Ѓорчепетровци одлучни, се сплотија во поддршката на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред нив се обрати министерот за одбрана Владо Мисајловски, кандидатите за градоначалници на Скопје и Ѓорче, Орце Ѓорѓиевски и Александар Стојкоски, а на крајот на митингот пораки им испрати и премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Коментарите велат дека „Нема каде игла да падне“ во преполното Ѓорче кое даде масовна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ вечерва.
