Граничниот премин Евзони (Богородица) вечерва не е блокиран од грчките земјоделци и покрај најавите дека од 19 до 21 часот по македонско време тој ќе биде затворен.
Ова за МИА го соопшти началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев.
Според денешните најави од грчките земјоделци од северниот дел на земјата преминот требаше да биде периодично блокиран во времетрање од два часа и на секои половина час возила и камиони ќе се пропуштаат по десет минути.
Инаку, преминот Евзони и вчера не беше блокиран, иако имаше најави од грчките земјоделци. Тие најавија дека блокадите ќе ги организираат секој ден до понеделник, 26 февруари.