По изборната победа на Трамп, дел од демократите го нападнаа Џорџ Клуни кој јавно се залагаше Џо Бајден да се откаже од претседателската трка. Во јули оваа година, Клуни објави коментар во Њујорк Тајмс во кој се нафрли на Бајден и рече дека ќе мора да се откаже од трката за нов мандат бидејќи „тој повеќе не е истата личност“.
„Страшно е да се каже, но Џо Бајден со кој бев пред три недели на собирање средства не е истиот Џо „Фаца“ Бајден од 2010 година. Тој не беше ни Џо Бајден од 2020 година. Тој беше истиот човек што го видовме на дебатата“, напиша Клуни во Њујорк Тајмс.“Дали беше уморен? Да. Дали беше настинат? Можеби. Но нашите партиски лидери треба да престанат да ни кажуваат дека 51 милион луѓе не го виделе тоа што го виделе”, додаде Клуни. Последователно интервју со Џорџ Стефанопулос од Еј-Би-Си „само го потврди она што го видовме претходната недела“, рече Клуни.
Корисниците на социјалните мрежи сега го прозиваат и тврдат дека „Трамп треба да му се заблагодари нему и на луѓето како него“. Извртената психологија вели дека со тоа што го „тргнал“ Бајден, Клуни ја наместил Камала, која изгуби „како Грчка“ од Трамп. Демек, Бајден ќе „тепал.
Во Македонија, пак за се’ виновен/крив е Цацко. Во Превод, Џорџ Клуни е американскиот Цацко.
И после, Цацко ти е крив…