Во Скопје наутро се очекува појава на магла, а преку денот да биде сончево. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 7 степени.
Во наредните денови под влијание на висок воздушен притисок до среда продолжува стабилно и тивко време со магла по котлините. Во четврток и петок ќе има зголемена облачност, наместа со умерен ветер од западен правец.