34-годишната Наташа Стефковска од Скопје долго чекала на својот пород. Желбата и се остварила во првите 10 секунди од Новата година.
Првото бебе во 2024 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.00 часот. Породувањето беше извршено по природен пат, соопштија од ГАК.
Бебето е од машки пол, тешко е 3.760 грама, долго е 52 сантиметар и е родено со Апгар 10/10. На свет го донесе 34-годишната Наташа Стефковска од Скопје.
Во првите 15 минути од Новата година на ГАК се родија три бебиња, информираат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Министерот за здравство рече дека во петокот во опуштена атмосфера во неговиот кабинет се кладел дека првото бебе ќе биде машко.