По дојавите за бомби во дел од училиштата во Аеродром, направена е проверка и утврдено е дека пријавите се лажни.
Наставата продолжува.
-По утринските дојави за бомби во шест основни училишта во Општина Аеродром, тимови на МВР веднаш излегоа на терен и по извршените контроли учениците се веќе вратени на настава. По дојавите, беше постапено согласно со протоколите што се преземаат во вакви ситуации, а децата беа безбедно евакуирани. Повикуваме на смиреност кај родителите, учениците и наставниот кадар, велат од Општина Аеродром.