Македонија ЦУК

Намалено нивото на реката Вардар, во моментот нема опасност од излевање

Во село Нераште бандерата е падната покрај патот и не го блокира сообраќајот, а во село Глоѓи бандерата е падната преку патот. Известен е „Телеком“, а проблемот ќе се решава во текот на денот – соопшти ЦУК.

Намалено нивото на реката Вардар, во моментот нема опасност од излевање

Нивото на реката Вардар во Тетовско е намалено во однос на претходните три дена и во моментот нема опасност од излевање, а патниот правец од селото Тумчевиште до селото Чегране сè уште е затворен за сообраќај поради безбедносни причини, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Во текот на ноќта во селата Нераште и Глоѓи, општина Теарце, паднати се две бандери на „Телеком“. Во село Нераште бандерата е падната покрај патот и не го блокира сообраќајот, а во село Глоѓи бандерата е падната преку патот. Известен е „Телеком“, а проблемот ќе се решава во текот на денот – соопшти ЦУК.

Во Скопје, како резултат на силниот ветер во Скопската Котлина, како што велат од ЦУК, на шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе автомобили.

– За состојбата се известени СВР Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, кои преземаат мерки во рамките на своите надлежности.
Во врска со поплавите од претходните денови во селата Чајлане, Буковиќ и Семениште, состојбата постепено се нормализира, посочуваат од ЦУК.

На територијата на Кичево, како што велат, се очекува понатамошна стабилизација на состојбата. Нема пријави за одрони на магистралните патишта и сообраќајот се одвива редовно.

– Бројот на евакуирани лица останува непроменет – 250 лица (63 семејства), на кои редовно им се доставуваат храна, вода и неопходни средства. Екипа од Медицинскиот центар врши здравствени прегледи и им дава соодветни совети на евакуираните лица. Екипи на ЈП „Комуналец“ работат на расчистување и продлабочување на коритото на Зајашка Река, со поддршка од механизација на локални компании. Паралелно, се врши чистење на фекалната и атмосферската канализација. ТППЕ, со поддршка на пумпи од ПО ДЗС Кичево, продолжува со испумпување на водата од подрумите на улиците Прилепска, Пиринска, Први мај, 29 Ноември и други локации на кои има пријави за поплавени објекти – нагласуваат од ЦУК. (МИА)

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top