Македонија Возете внимателно

Намалена видливост од 50 до100 метри поради магла на патот Лисец – Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по влажни коловози. Сите патни правци во државата се проодни.

Намалена видливост од 50 до100 метри поради магла на патот Лисец – Попова Шапка

Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има на патниот правец Попова Шапка – Лисец, соопшти попладнево ЈП Македонијапат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по влажни коловози. Сите патни правци во државата се проодни.

Од ЈП Македонијапат информираат дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Воедно апелираат до возачите на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

To top