Македонија ухмр

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Во текот на ноќта, информира УХМР, од запад започнаа врнежи од дожд, на планините од снег.

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Во Берово изутрина во 7 часот се измерени -5 степени, -3 во Битола и Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Прилеп, Штип, Демир Капија, Струмица и Тетово, -1 во Велес, Кавадарци, Попова Шапка и Виница, 0 во Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, Претор, Крушево, Куманово, Гевгелија, 1 во Охрид, 2 во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во Маврови Анови има 35 сантиметри снег, Крушево 20, Попова шапка 14 сантиметри.

Во текот на ноќта, информира УХМР, од запад започнаа врнежи од дожд, на планините од снег. Овие врнежи до изутрина се проширија кон исток особено преку северната страна каде што имаше услови за појава на голомразица, но и појава на снег понекаде и на повисоките места. Утринава понекаде дува слаб променлив ветер.

-Времето денеска ќе биде променливо облачно, наутро со појава на голомразица во северните делови и од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег што ќе ја зголеми снежната покривка. Претежно во западните и северните делови повремен снег ќе паѓа и на некои повисоки места. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието северозападен, а во западните делови западен ветер, кој наместа повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наутро во делови од регионот ќе има услови за појава на голомразица, а преку денот на повисоките места ќе паѓа повремен снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 6 степени, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Најнови вести од Македонија

To top