Македонија отворена врата за Академската заедница

Најпосакуваниот кандидат на СДСМ за градоначалник Ралев го поддржа Орце Ѓорѓиевски

Најпосакуваниот кандидат на СДСМ за градоначалник Ралев го поддржа Орце Ѓорѓиевски

Кандидатот за градоначланик на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски објави дека архитектот и професор Мишко Ралев станува дел од неговиот тим.

-Голема чест и искрена благодарност до професорот Мишко Ралев што се приклучува во мојот тим за поубаво Скопје. Со своето богато искуство, визија и интегритет, тој претставува силна поддршка и уште поголема мотивација за нас. Академската заедница и научно-истражувачката дејност на реномираните професори секогаш ќе имаат отворена врата и заслужено место во визијата за напредно и современо Скопје. Заедно ќе работиме Скопје повторно да го направиме достоинствен град — град на идеи, вредности и иднина, објави Ѓорѓиевски .

Најнови вести од Македонија

To top