Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Велес 20 литри на метар квадратен, 12 во Скопје, а 10 литри во Куманово, соопшти УХМР.
Во текот на ноќта времето беше ведро, утрово е сончево со мала до умерена локална облачност и претежно тивко.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Попладне, особено во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.
Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне 27 степени.