Македонија

Најмногу дожд во Пожаране, утринските температури секаде над нула

Најмногу дожд во Пожаране, утринските температури секаде над нула

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Пожаране, 21 литар на метар квадратен, по што следуваат Тетово,19, Попова Шапка, 17, Маврови Анови, 11, Охрид, 6, Крушево, 5, Лазарополе, 3, Берово, Претор и Пожар, 2, Скопје-Зајчев Рид, Прилеп и Тополчани еден.

Управата за хидрометеоролошки работи УХМР информира дека не се регистрирани минусни утринси температури. Измерени се 0 степени на Попова Шапка, 3 Kрушево, Лазарополе и Mаврови Анови, 6 Прилеп, 7 Берово, Кавадарци, Тетово, Претор и Охрид, 8 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Битола, 9 Гевгелија, Струмица и Крива Паланка, 10 Куманово, Виница, 11 Велес, 12 Штип, а 13 во Демир Капија.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Најнови вести од Македонија

To top