Македонија со поддршка од Министерството за социјална политика, демографија и млади

Над 400 дечиња од различни социјални категории на „Зимзоленд“

Над 400 дечиња од различни социјални категории на „Зимзоленд“

Под мотото „За секое дете социјална инклузија“, присуствував на незаборавен настан за најмладите на „Зимзоленд“, со поддршка од Министерството за социјална политика, демографија и млади, неколку невладини организации и соработка со повеќе скопски градоначалници, информира ресорниот заменик-министер Ѓоко Велковски.

-Преку 400 дечиња од различни социјални категории, меѓу кои деца со попреченост, деца на улица, деца од згрижувачки семејства и деца без родители и родителска грижа, се собраа заедно да го прослават овој посебен ден.

Благодарение на општествено одговорните компании како Титан Усје и Специјал, секое дете доби пакетче полно љубов и внимание.
Настанот беше исполнет со различни активности кои ги поттикнаа децата да се дружат и забавуваат.

Нашата заедничка заложба останува: да создадеме инклузивно општество каде секое дете ќе биде ценето, прифатено и среќно.
Овој настан е само еден чекор кон постигнување на таа цел, и се надеваме дека ќе инспирира многу други иницијативи во иднина, пишува Велковски на Фејсбук.

Најнови вести од Македонија

To top