Македонија АРМ

Началникот на Генералштабот на Армијата оствари средба со претставници од канадски компании од Секторот на воената индустрија

Канадската агенција CCC ги поврзува странските владини купувачи со доверливи канадски добавувачи за критични и сложени набавки.

Началникот на Генералштабот на Армијата оствари средба со претставници од канадски компании од Секторот на воената индустрија

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска, оствари средба со претставници од компанијата General Dynamic Land Systems – Канада (GDLS-C) и Секторот за одбрана од Канадската комерцијална корпорација (CCC).

На средбата, на која присуствуваа и директорот на Генералштабот на Армијата, бригаден генерал Орце Јордев и одбранбеното аташе на Канада, полковник Доналд Хилтон се презентираше портфолиото на компанијата за воена индустрија GDLS-C и CCC, развојот на тековната програма „Страјкер“ за потребите поврзани со процесот на модернизација и опремување на Армијата и се разговараше за можностите за идна соработка меѓу Канада и Република Македонија во одбранбениот сектор.

GDLS-C е во процес на завршување на производството на лесните оклопни возила за Армијата на Македонија, во своите капацитети во Канада, а испораката на возилата е планирана е да се изврши до крајот на 2025 година.

Канадската агенција CCC ги поврзува странските владини купувачи со доверливи канадски добавувачи за критични и сложени набавки. Преку својата услуга за меѓународен главен изведувач, оваа компанија обезбедува успешна испорака на проектот нудејќи гаранции за извршување на договорот, длабинска анализа на добавувачот и експертиза во канадските капацитети.

To top