Македонија

На повеќе патни правци активна забрана за сообраќај на камиони, слаби врнежи од снег во Гостивар и Дебар

На повеќе патни правци активна забрана за сообраќај на камиони, слаби врнежи од снег во Гостивар и Дебар

АМСМ вечерва информира дека укинати се забраните за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци Деве Баир – Крива Паланка, Делчево – г.п. Делчево и Македонски Брод – Прилеп, преку планинскиот превој Барбарос. Поради снег и снежни врнежи активни забрани за тешки товарни возила има на патните правци Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево, Пресека, Плетвар, Ѓавато, Струга – г.п. Ќафасан, Струмица – Берово и Тетово – Попова Шапка, за каде се нагласува дека за останатите видови на возила е задолжителна употреба на зимска опрем.

Целосна забрана за сообраќај има на патниот правец А1 Демир Капија – Смоквица кој е во целосен прекин и сообраќајот се пренасочува по алтернативниот патен правец Р1102.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонијапат, од каде информираат дека врнежи од слаб снег се бележат во Гостивар и Дебар.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Возачите се потсетуваат за задолжителното поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Најнови вести од Македонија

To top