Финансика поддршка од државата ќе добиваат единствено млади талентирани спортисти кои што ќе ја исполнат програмата зацртана од Министерството за спорт и програма којашто ќе значи развој и напредок на резултатите и тие ќе одат Олимпијада, најави министерот за спорт Борко Ристовски во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител.
– Прашањето зошто на Олимписките игри во Париз немаме ниеден спортист со олимписка норма е на место, но на погрешна адреса барем во овој момент затоа што овие прашања требаше да се поставуваат многу порано, барем пред 3-4 години на минатата власт која беше задолжена да се грижи за спортот и на претседателот на Олимпискиот комитет кои се најодговорни и за функционирањето на Олимпискиот комитет и за резултатите во олимпизмот и во олимписките спортови. Она што јас можам да го кажам од страна на новоформираното министерство за спорт е дека работите отсега ќе почнат да функционираат многу поинаку, многу поразлично и многу поспортски – истакна Ристовски.
Министерот за спорт ја најави новата национална стратегија за спорт во која спортистите ќе се вреднуваат единствено според успехот и според резултатите и по таа основа ќе се доделуваат и финансиските средства од државата.
– Во нашата стратегија за спорт ние нема да ги вреднуваме спортистите по тоа дали се деце на функционери, туку финансика поддршка од државата ќе добиваат единствено млади талентирани спортисти кои што ќе ја исполнат програмата зацртана од Министерството за спорт и програма којашто ќе значи развој и напредок на резултатите и на Олимшиските игри, но и на светските и европските првенства кои доаѓаат пред Олимпијадата. Најнапред ќе бараме резултати на европските и на светските првенства, а потоа ќе финансираме програми и за олимписки години и навистина ќе се потрудиме на ОИ да остат спортисти со А норми. Од наша страна ние ќе се потрудиме да ги направиме и да ги обезбедиме сите оние идеални услови за да можат да се развиваат младите спортисти. Но сепак на крај останува на матичните федерации да ја спроведат таа стратегија која што ќе биде за брзо време промовирана од Министерството за спорт, а ние сме тука да им овозможиме услови, да ги контролираме средствата што ќе се вложуваат да бидат вложувани во спортисти кои се навистина талентирани, а се останато останува на федерациите. Министерството за спорт ќе финансира програми кои ќе бидат исклучително базирани на успех и на резултати – истакна министерот за спорт Борко Ристовски.