Македонија Здравство

На Клиничка биохемија обезбедена современа апаратура од најнова генерација

Опремата е обезбедена со договор за деловно-техничка соработка, со бесплатен 24-часовен сервис и обезбедени бесплатни резервни делови.

На Клиничка биохемија обезбедена современа апаратура од најнова генерација

Универзитетскиот институт за клиничка биохемија ја обнови постојната апаратура и изминатиот период активно работи на оптимизација на постојните методи и анализи.

За таа цел, набавена е нова опрема од четири различни реномирани добавувачи.

-Во однос на користење на новата апаратура, вклучена е и обука за персоналот. Веќе се активирани три нови апарати, за кои веќе е завршена инсталацијата и обуката и ставени се во функција. Исто така, обезбедени се најнови интегрирани системи, се работи за 14 нови апарати, кои дополнително треба да се инсталираат и да се изврши обука. Продолжуваме да работиме во интерес на нашите пациенти со цел да добијат врвна здравствена услуга во нашата установа, посочи д-р Николина Гроздановска, директорка на УИ Клиничка биохемија.

Опремата е обезбедена со договор за деловно-техничка соработка, со бесплатен 24-часовен сервис и обезбедени бесплатни резервни делови.

Најнови вести од Македонија

To top