Македонија амсм

На граничните премини „Табановце” и „Богородица” зголемена фреквенција на возила

На граничните премини „Табановце” и „Богородица” зголемена фреквенција на возила

АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини „Табановце” и „Богородица” за влез и излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести од Македонија

To top