Македонија

На 46.272 земјоделски стопанства ќе им бидат доделени картички за „зелена нафта“

Денес, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев изврши увид во процесот на доделување на вредностни картички за гориво за земјоделска механизација во ПЕ Велес при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 1.693 земјоделци од Велес добија картички во вредност од 24.945.283 денари.

Преку ПЕ на МЗШВ на 46.272 земјоделски стопанства ќе им бидат доделени картички за гориво во вкупна вредност од 540.768.406 денари. Овие средства се обезбедени во мерка 8 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството -Помош и поддршка на трошоци за набавка на гориво за земјоделска механизација за земјоделски стопанства „зелена нафта“.

To top