Очајноста на СДСМ се гледа во самото гостувањето на Љупчо Николовски, се вели во реакцијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
-Николовски и СДСМ се чума во македонското земјоделство, кои што се покосија и опустошија.
Да беше се така убаво како што тој се фали во земјоделството, немаше земјоделските производи да завршуваат на буниште, немаше да има неисплатени субвенции, заостанати плати во АД Водостопанство и ЈП Национални шуми.
Николовски да беше толку способен министер немаше земјоделците да му организираат протести.
Македонија поради СДСМ и Николовски стана увозно зависна држава.
Николовски е синоним на безидејност, лага, криминал.
СДСМ и Николовски нека гледаат сега како во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се работи и како земјоделците се задоволни од мерките кои што се воведуваат во нивна корист, стои во реакцијата.