Во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи (facebook страна и група на еден портал) се појавија невистини и дезинформации за наводна предлог мерка за 2026 година, се вели во соопштението од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), што го пренесуваме интегрално.
„Во објавата незаконски е искористено името на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и лажен печат на самото Министерство се со цел да се создаде паника и револт кај земјоделците, Ве замолуваме да не подлегнувате на манипулации, сите мерки, програми се објавуваат на официјалната веб страница и facebook страница на Министерството.
Ве уверуваме дека не постои таква предлог мерка.
Го повикуваме медиумот да се обрати до земјоделците и јавноста, да ја исправи својата грешка и во иднина да не шири дезинформации, и секако да не си игра со чувствата на македонските земјоделци, да не создава паники доведувајќи ги во заблуда за чувствителни теми.
Ве молиме на претпазливост во иднина и внимавајте од каде се информирате.
Во однос на информирање за мерки и програми користете официјални извори од владини институции“, потенцираат од министерството.
Почитувани земјоделци,
Во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи (facebook страна и група на еден портал) се…
Posted by Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство on Thursday, April 2, 2026