Македонија

МЗ: Сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска и антидијабетична терапија

МЗ: Сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска и антидијабетична терапија

Од Министерството за здравство велат дека сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска и антидијабетична терапија откако денеска од Сојузот на здруженија на дијабетичари изразија незадоволство од буџетот за 2025 година за инсулинска терапија.

– Потенцираме дека сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска и антидијабетична терапија. Исто така, со новата двегодишна јавна набавка ќе биде обезбедена најсовремена здравствена терапија. Во соработка со надлежните институции, континуирано се прават напори за обезбедување дополнителни средства за медицински помагала за пациентите со дијабетес, се вели во соопштението до јавноста.

Од ресорното Министерство посочуваат дека согласно воспоставената практика, претставници од Сојузот на здруженија за дијабетес биле консултирани за тековните предизвици со што се соочуваат пациентите.

Најнови вести од Македонија

To top