Македонија скок за седум места во однос на лани

МВР во топ три владини институции со активна транспарентност од 95.7% за 2024 година

МВР во топ три владини институции со активна транспарентност од 95.7% за 2024 година

Во годишниот извештај за Индексот на активна транспарентност за 2024 година, министерството за внатрешни работи бележи голем напредок од 87.5% за 2023 година на 95.7% за 2024 година.

МВР е рангирано во најдобрата група со скок од седум места, во рангирањето на министерствата според активната транспарентност.

-Нашата цел како Влада и министерство е да ја унапредуваме полицијата во отворена, отчетна и транспарентна институција пред Вас граѓаните. А преку активната соработка со медиумите да може да се презентира и нашата намера за постојано градење на доверба помеѓу полицијата и граѓаните. Кога намерата е искрена и чесна, резултатите се позитивни, а граѓаните тоа го препознаваат, истакна министерот Тошковски.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Под „активна транспарентност“ се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации. Постои и законска основа за проактивно објавување информации, која се наоѓа, пред сè, во Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, но и во низа други закони. Освен од регулативата, активната транспарентност произлегува и од добрата практика, а институциите имаат обврски за проактивно објавување информации и од акциските планови во рамките на иницијативата за Партнерство за отворена власт.

Најнови вести од Македонија

To top