Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во 15:55 часот, во СВР Скопје, од страна на Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при МВР, било пријавено оштетување на стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија.
-Офицерот за безбедност на Амбасадата, преку системот за видео надзор, забележал оштетување на стаклото од влезната врата на објектот. Според досега утврденото, оштетувањето го извршило засега непознато лице, кое со удар со рака го оштетило стаклото од влезната врата, велат од МВР.
На местото на настанот биле преземени соодветни полициски мерки, а надлежните служби работат на расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.