Македонија лажна вест

МВР: Поршето не е на полициски службеник, настанот е од 22 март

-Возилото е подигнато од страна на ПОЦ и од страна на СВР Скопје издаден е платен налог. Исто така ве информираме дека предметното возилото не е на полициски службеник, појаснуваат од Министерството.

МВР: Поршето не е на полициски службеник, настанот е од 22 март

Видео снимката која ги преплави социјалните мрежи, во врска со автомобил „Порше“ кој е непрописно паркиран во Дебар Маало, е од настан кој се случил во сабота, на 22 март, потврдуваат од МВР за Курир.

-Возилото е подигнато од страна на ПОЦ, а од страна на СВР Скопје преземени се мерки по член 63 став 6 од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и на возачот на возилото С.К. издаден му е платен налог. Исто така ве информираме дека предметното возилото не е на полициски службеник. Во врска со постапувањето пак на полициските службеници при подигнувањето на возилото, веќе постапува Одделот за внатрешната контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и по завршување на целокупната постапка соодветно ќе ја известиме јавноста, појаснуваат од Министерството.

Според она што се слуша на видеото, возилото стоело повеќе од 4 часа на велосипедска патека.

Најнови вести од Македонија

To top