Македонија Осуда

МВР: Најстрого ќе биде санкциониран тој што ја оштетил спомен плочата кај Карпалак

По расчистување на случајот, соодветно ќе ја известиме јавноста, велат од МВР.

МВР: Најстрого ќе биде санкциониран тој што ја оштетил спомен плочата кај Карпалак

Министерството за внатрешни работи најостро го осудува оштетувањето на спомен плочата кај Карпалак поставена во спомен на загинатите припадници на безбедносните сили во 2001 година.

-Ја известуваме јавноста дека се преземаат сите потребни мерки и активности за расчистување на случајот и најстрого санкционирање на сторителот. Денеска (09.08.2024) во 11:05 часот во СВР Тетово е пријавено дека е оштетена спомен плочата поставена кај Карпалак. По расчистување на случајот, соодветно ќе ја известиме јавноста, велат од МВР.

Најнови вести од Македонија

To top