Македонија сообраќајна контрола

МВР: 740 казни за брзо возење

МВР: 740 казни за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 740 возачи.

Од нив 62 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 378 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 362 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести од Македонија

To top