Македонија сообраќајна контрола

МВР: 173 казни за брзо возење

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

МВР: 173 казни за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 173 возачи.

Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 82 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 91 надвор од населено место.

To top