Македонија сообраќајна контрола на мвр

МВР: 144 казни за брзо возење

МВР: 144 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (22.11.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 144 возачи.

Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 78 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 66 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

To top