Македонија министерство надворешни работи и надворешна трговија

Муцунски: По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше силна потврда дека имаме пријатели ширум светот

Тоа е силен гест на хуманост и солидарност што нашата држава ќе го памети засекогаш, подвлекува министерот Муцунски.

Муцунски: По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше силна потврда дека имаме пријатели ширум светот

По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше силна потврда дека имаме пријатели ширум светот – пријатели кои ја разбираат нашата болка и сочувствуваат со трагедијата, напиша вечерва на својот фејсбук профил министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Тој упати искрена благодарност до сите земји кои дадоа несебична и силна поддршка и за лекувањето на македонските пациенти во странство, но и за третманот на пациентите во нашата земја.

-Тоа е силен гест на хуманост и солидарност што нашата држава ќе го памети засекогаш, подвлекува министерот Муцунски.

По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше силна потврда дека имаме пријатели ширум светот – пријатели…

Posted by Timco Mucunski on Monday, March 16, 2026

Најнови вести од Македонија

To top