Македонија Брисел

Муцунски оствари средба со европратеничката Јовева

Искрено ѝ се заблагодарив за континуираната поддршка, како и за нејзината посветеност и залагање за напредокот на нашата земја на европскиот пат, потнцира во објавата Муцунски.

Муцунски оствари средба со европратеничката Јовева

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера во Брисел оствари средба и со европратеничката од Словенија, со македонско потекло, Ирена Јовева.

Разговаравме за реформските процеси, евроинтегративниот пат на државата и важноста од што побрза интеграција во Европската Унија, објави Муцунски.

На средбата со европратеничката Јовева, стана збор за евроинтеграцискиот процес на државата, при што министерот изрази искрена благодарност за принципиелната поддршка на овој пат.

-Јовева е силен, гласен и искрен поддржувач и промотор на нашето членство во Унијата, како и на македонскиот идентитет во европски рамки. Искрено ѝ се заблагодарив за континуираната поддршка, како и за нејзината посветеност и залагање за напредокот на нашата земја на европскиот пат, потнцира во објавата Муцунски.

Денеска во Брисел остварив средба и со европратеничката од Словенија, со македонско потекло, Irena Joveva….

Posted by Timco Mucunski on Tuesday, March 24, 2026

Најнови вести од Македонија

To top