Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски имаше свое обраќање на свечениот прием по повод Националниот ден на Јапонија – Роденденот на Неговото Височество Императорот.
Пријателството меѓу нашите две држави се темели на заемна почит, доверба, споделени демократски принципи и силни врски меѓу нашите народи, како и на заедничка посветеност кон продлабочување на партнерството во клучни области од заемен интерес, изјави министерот Муцунски.
Тој се осврна и на учество на Македонија на ЕКСПО 2025 во Осака, како значаен момент за претставување на македонската култура, иновации и визија за одржлив развој пред глобалната публика.
Во име на Владата упатив најсрдечни честитки до Неговото Височество, до Царското семејство и до пријателскиот народ на Јапонија. Длабоко ја цениме улогата на Јапонија како принципиелен глобален лидер – држава која инспирира со иновации, одговорност и конструктивен меѓународен ангажман, истакна Муцунски.
🇲🇰 🇯🇵 Ми беше особена чест да се обратам на свечениот прием по повод Националниот ден на Јапонија – Роденденот на…
Posted by Timco Mucunski on Friday, February 20, 2026