Македонија

Муслиу: Ентузијазмот и енергијата на Мицкоски се добредојдена промена

Муслиу: Ентузијазмот и енергијата на Мицкоски се добредојдена промена

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, кој важи за близок до опозициските ДУИ и СДСМ, во гостување во дебатната емисија на телевизија Телма, изрази позитивни импресии од стартот на премиерот Христијан Мицкоски и новата влада.

Според Муслиу, од првите активности на Мицкоски може да се забележи голем ентузијазам и енергија.

„Видов ентузијазам и енергија кај премиерот, се надевам дека нема да ги изгуби. Има промена во пристапот кон странските инвестиции,“ заклучи Муслиу.

Фуриозниот старт на новата влада останува забележан од страна на јавноста, пришто оценките се дека тоа претставува радикален дисконтинуитет и позитивна промена наспроти лошите перформанси на поранешната власт на СДСМ и ДУИ.

Најнови вести од Македонија

To top